Дефанзивецот Дани Алвеш може да се пресели во тимот на Манчестер Сити на крајот на оваа сезона, откако Пеп Гвардиола посакал повторно да работи со него. Бразилецот има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и следната сезона е сосема веројатно да ја промени средината.
И негова желба е да работи повторно со својот поранешен тренер од Барселона, па дури и се претпоставува дека двајцата веќе имале неколку неофицијални разговор.
Прашање е само каков договор ќе му понуди Сити, со оглед на тоа што Бразилецот е веќе во залезот на кариерата.