Вечерва (21 ч.) Барселона го пречекува Реал Мадрид во првиот полуфинален меч од кралскиот куп. Овие два тима немаат меѓусебен меч во Копа дел Реј од 2014 година, кога се сретнаа во финалето на „Местаља“, каде Реал славеше со 2:1.
Од финалето пред пет години, каталонците воспоставија целосна хегемонија во ова натпреварување, кое го освојуваа во последните 4 сезони. Поради ова, и поради последниот натпревар меѓу Барса и Реал во Примера, денеска се очекува еден навистина жесток дуел.
Ееванш натпреварот е на 27 февруари во 21 часот на “Сантијаго Бернабеу”. Победникот во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Бетис и Валенсија.