По несреќата во која животот го загубија 14 лица, меѓу кои и еден кошаркар на КК Гостивар, Македонската кошаркарска федерација денеска донесе одлука за одложување на финалниот турнир од Купот на Македонија, кој требаше да се оджи овој викенд во Гевгелија. Во соопштението од МКФ се вели: „Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар. Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд. Датумот на одигрување…
Author: saso
По страшната автобуска несреќа во која загинаа 14 патници, денеска и утре во Македонија е прогласен ден на жалост. Големите спортски клубови од нашата земја преку своите официјални страници на социјалните мрежи изразија сочувство за загинатите и желби за побрзо закрепнување на повредените.
Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне веќе одредија приоритетна цел за летниот трансфер пазар. Според весникот „АС“, тоа е бразилски напаѓач од екипата на Евертон, Ричарлисон. Мадридскиот издание тврди дека “јорганџиите” веќе оствариле контакт со агентите на 21-годишниот фудбалер, за да проверат какви се неговите намери. Челзи и ПСЖ исто така се поврзуваат со можноста да го купат Бразилецот, но досега ниту еден од овие два тима нема испратено понуда. Евертон ќе инсистира на многу висока трансфер цена за Бразилецот, кој се пресели на „Гудисон Парк“ од Ватфорд минатото лето за сума од 50 милиони фунти.
Денеска продолжуваат возбудувањата ова апролет и во фудбалската Лига на Европа. По воведната победа на фенербахче над Зенит во вторникот, за денеска се закажани преостанатите дуели од оваа фаза. Со оглед на атрактивноста, денеска три меча привлекуваат голем интерес. Прво гостувањето на челзи кај Малне, дуелот меѓу Лацио и Севиља, но и пресметката меѓу Селтик и Валенсија. Дуелот во Рим се појави како еден од најинтересните први натпревари во оваа фаза од трката. Римјаните се со сериозни амбиции на турнирот во кој отпаднаа пред година во четвртфиналето, откако дозволија да бидат елиминирани од Ред Бул Салцбург. Андалузиите се „господари“ Лигата…
Довчерашниот капитен на екипаа на Наполи, Марек Хамшик, повеќе не е фудбалер на наполитанскиот состав. Тоа го потврдија од клубот, објавувајќи ја неговат апродажба во екипата на Далиан од Кина. Претходно вчера, адвокатот на Наполи, Матија Грасани, рече дека трансферот најверојатно ќе биде завршен. Кинезите ќе платат 20 милиони евра за играчот од средниот ред. Хамшик ќе потпише договор за 3 години и неговата вкупна плата за овој период ќе изнесува 27 милиони евра.
Поништениот гол на Ајакс на синоќешниот меч со Реал (М) предизвика лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Во обид да ја разреши дилемата, со официјален став излезе и УЕФА. Од таму имаа свое објаснување зошто словенечкиот судија Скомина постапил правилно при поништувањето на голот на домашните. „Судијата констатира дека клупскиот соиграч на на Таљафико, Душан Тадиќ се наоѓа во офсајд, а во исто време го попречува голманот да игра со топката во моментот на ударот со глава. Одлуката на Скомина е донесена во согласност со упатствата за ВАР. Голот беше правилно поништен“, велат од УЕФА. VAR in the…
Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, беше исклучително разочаран откако неговиот тим загуби од Реал Мадрид во првиот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Домашниот прв гол постигнат во 38-тата минута беше поништен поради наводен офсајд, откако главниот судија Дамир Скомина ја прегледуваше ВАР снимката и реши да досуди офсајд. Но ВАР не ги убеди Холанѓаните дека Скомина бил во право. „Тоа е срамно. Судиите ни дадоа различни објаснувања, едно дека голманот бил попречен, друго дека било офсајд.Ја видов снимката и не мислам дека имаше нешто спорно“, изјавил Тен Хаг. Тој дека овој поништен гол имаше сериозно влијание…
Во пресрет на завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка, тренерите на тимовите кои ќе се борат за освојување на вредниот трофеј ги искажаа очекувањата од престојните мечеви. Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, пред пресметката со Кожув вели: „Ние како МЗТ имаме обврска да победуваме на секој меч. Но, сите екипи кои се најдоа тука се квалитетни. Би сакал да побарам една добра игра од мојот тим, па нека победи подобриот. Што се однесува до распоредот и полуфиналето, Работнички е далеку, за да се стигне треба да го поминеме Кожув кој е домаќин и се засилија. Првата…
Во комплексот Негорски Бањи денеска се одржа прес-конференција на Македонската кошаркарска федерација, на која беше најавен завршниот турнир од Купот на Македонија. Спортскиот Директор на МКФ, Владимир Темелковски, го предаде трофејот во трајна сопственост на претставниците на МЗТ Скопје Аеродром, и посака трибините да бидат исполнети до последно место. „Одлучивме Купот да се игра во град каде што има два клуба од Првата лига и воедно има и одлични услови. Кожув и Блокотехна ги презедоа сите обврски да се организира овој голем настан. Сите кои сакаат кошарка се добредојдени да присуствуваат на овој настан, со ова се мисли и на…
Младата селекција на Македонија за играчи од 21.година, следниот месец ќе има силна проверка на своите моментални можности во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2021 година во Унгарија и Словенија. Во периодот 20 до 27 март нашите надежи ќе учествуваат на силниот турнир „Анталија Куп 2019″ во Турција. Во нашата група покрај Македонија, ќе учествуваат и надежтие на Летонија, Казахстан, Украина и Естонија. Интересно е тоа што со селекцијата на Казахстан ќе играме и во квалификациите за ЕП кои стартуваат во септември.
