Довчерашниот капитен на екипаа на Наполи, Марек Хамшик, повеќе не е фудбалер на наполитанскиот состав. Тоа го потврдија од клубот, објавувајќи ја неговат апродажба во екипата на Далиан од Кина.
Претходно вчера, адвокатот на Наполи, Матија Грасани, рече дека трансферот најверојатно ќе биде завршен. Кинезите ќе платат 20 милиони евра за играчот од средниот ред. Хамшик ќе потпише договор за 3 години и неговата вкупна плата за овој период ќе изнесува 27 милиони евра.