Поранешниот тренер на иранската фудбалска репрезентација, Карлос Кеироз, е назначен за нов селектор на националниот тим на Колумбија. Веста ја потврдија и двете страни, иако најавата стигна уште пред една недела.
Во изминатите осум години, португалскиот експерт го предводеше Иран, со кого учествуваше на Светското првенство 2018 година, а настапи и на штотуку завршениот Азиски Куп.
Претходно, Колумбија беше предводена од Хозе Пекерман, кој исто така одлучи да го напушти своето место по завршувањето на Светското првенство. Под негово водство, Колумбија стигна до осминафиналето на Мундијалот каде загуби од Англија.

