Аргентинскиот напаѓач од екипата на Јувентус, Пауло Дибала сака да го напушти клубот поради конфликт со тренерот Масимилиано Алегри. Веста ја објавија денеска повеќе италијански весници.
Тренерот на Јуве, Алегри, отворено го критикувал аргентинскиот напаѓач дека се вратил во соблекувалната предвреме за време на натпреварот против Парма (3:3). Дибала се извини, но односот меѓу нив не е добар.
Некои медиуми споменуваат дека на местото на Дибала, Јувентус веќе смета на Хамес Родригез.