Ветеранот во светското скијање, Кјетил Јансруд, конечно, успеа да го освои првото злато од светските шампионати. Со извонредно возење, Норвежанецот триумфираше на денешниот спуст кој се возеше во рамките на светското превенство во шведски Оре.
33-годишниот Јансруд до првото злато од светските првенства дојде со време од 1:19.98 минути, оставајќи го зад себе својот сонародник Аксел Лунд Свиндал кој задоцни само 2 стотинки.
Третото место и бронзениот медал отиде на градите на Австриецот Винсент Крихмаер за кого ова е веќе втор медал на ова СП, откако го освои среброто на трката во супервелеслалом.