Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри дека во пресрет на дерби дуелите со Челзи и Ливерпул се соочува со сериозен проблем поради повредите на дел од стартерите во тимот.
За време на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите, Солскјер мораше принудно да ги замени стартерите Ентони Марсијал и Џеси Лингард. И двајцата нема да можат да играат во
следните две средби токму против Челзи и Ливерпул.
„Не мислам дека ќе ги видиме во игра во следните два натпревари. Да се надеваме дека ќе се
обноват брзо, но се чини дека се аут за 2-3 недели“, беше краткото објаснување на Оле Гунар за
ситуацијата со двајцата офанзивни играчи.