Селекторот на нашата кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, денеска го објави списокот на кошаркари кои в понеделник треба да ги почнат подготовките за мечот со Романија во последниот натпревар во рамки на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала во градот Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот.
Давитков излезе со списокот на кошаркари кои треба да се појават в понеделник на првата прозивка закажана во 10:00 часот наутро.
Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс
