Кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман на синоќешниот дуел меѓу тимот на САД и тимот на Светот во рамките на првиот ден од Ол-Стар викендот во НБА лигата, настапи со специјално дизајнирани патики, во боите на македонското и турското знаме. Кошаркарот кој е роден во Охрид, не сакаше да ги подели двете замји, бидејќи имаат специјално место во неговото срце.
„Роден сум во Македонија, настапувам за репрезентацијата на Турција, па токму затоа сакав да ги ставам девете знамиња. Одлучив да ги претставам двете земји, бидејќи ме поддржуваат без разлика на сè“, рече Осман.