Author: saso

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде беше презадоволен по убедливата победа со 3:0 над Реал во Мадрид во реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија. По оние 1:1 од првиот натпревар, Барселона се пласираше во финалето со вкупен резултат 4:1 и шеста година по ред ќе се бори за трофејот. „Во првото полувреме не игравме добро, но по паузата покажавме многу добра игра. Резултатот од 0:0 не ни одговараше и почнавме да дејствуваме офанзиво. Знаеме за што е способен Реал. Луис Суарез е напаѓач со неверојатна статистика во Барселона. Лео Меси не само што погодува, туку и креира шанси за тимот.…

Read More

Во дербито на сезоната во СЕХА Газпром лигата, ракометарите на Вардар успеаја да му се реваншираат на ППД Загреб за поразот во првиот дел од сезоната и славеа на вечерашната пресметка во Скопје со 28-26 (13-12). Оваа победа ги носи „црвено-црните“ на врвот на табелата. Во цврст меч во кој и двете екипи имаа свои минути, Вардар подобро се снајде во второто полувреме и успеа да ја задржи тешко стекнатата предност од првиот дел. Иако без дел од најдобрите и двата тима покажаа одличен ракомет. Дисингер со 7 гола беше најдобарстрелец кај Вардар, додека кај гостите од Загреб Сршен постигна…

Read More

Ракометарите на Металург доживеаја нов пораз во СЕХА Газпром лигата откако вечерва загубија на гостувањето во Ниш од екипата на Железничар со 27-25 (16-13) . Техничките грешки, како и бројните промашувања беа најголемиот проблем, односно причината за пропуштената шанса за нови бодови во регионалното друштво. Танкоски и Димитриоски со по 4 гола беа најефикасни, додека кај гостите Живковиќ реализираше 4 погодоци. За Брестовац и неговите избраници ова е 11 пораз кој ги остава на претпоследното место на табелата.

Read More

Битката за титулата во англиското фудбалско првенство ќе продолжи до последното 38. коло, а ќе заврши со радост за фановите на Ливерпул, пресмета еден суперкомпјутер. Екипата на Јирген Клоп според пресметките на Football Web Pages за еден бод ќе биде подобра од Манчестер Сити. Суперкомпјутерот до конечната пресметка дошол врз основа на претходните резултати и веројатности за да го предвиди секој резултат до крајот на шампионатот. Процентот на победи, ремија или порази на тимовите се пресметува по секој постигнат гол во Премиер лигата. Најверојатната финална табела го става Ливерпул на чело со 99 бода, додека Манчестер Сити би бил втор…

Read More

Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс, доби дозвола од клупското раководство на шкотскиот тим да почне преговори со англискиот премиерлигаш Лестер. Англискиот клуб испрати официјално барање до 46-годишниот северноирски стратег, кој би божел да се пресели на кормилото на „лисиците“. Претходно, за Роџерс интерес имаше и од Њукасл, кој најверојатно на крајот на сезоната ќе остане без Рафаел Бенитез. Роџерс има договор со Селтик до 2021 година.

Read More

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека е подготвен да се врати на тренерската работа, но за да се случи тоа мора да се исполнат неколку услови. „Не сакам да работам во клуб без амбиции“, вели Мурињо во изјава за весникот „Телеграф“. „Јас одбив една дарежлива понуда, бидејќи сакам да учествувам во фудбалот на највисоко ниво и моите амбиции се многу високи. Исто така барам да добијам тим од блиски соработници. Сакам да работам со луѓе што ги сакам, со оние со кои уживам да работам и да споделувам идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт на…

Read More

Долгоочекуваниот потег на Тотенхем за преселба на нивниот нов стадион ќе се случи на 13 април. Ова е датумот што е поставен како нов краен рок од страна на раководството, надевајќи се дека тоа може да се случи и малку порано. Пред официјалното отворање на објектот, Спарс мора да спроведеат два тест-настани, по што ќе им биде доделена лиценца од страна на општинските власти. Тест настаните се закажани за 16 и 30 март. Првиот меч кој Тотенхем би можел да го одигра на новиот „Вајт Харт Лејн“ ќе биде дуелот со Хадерсфилд кој е закажан на 13 април. Сепак навивачите…

Read More

Реал (М) своите погледи ги впери кон одлучниот лев бек на аргентинската репрезентација и член на холандски Ајакс, Николас Таљафико. Според дел од медиумите во Шпанија, името на Таљафико се споменува како замена за Бразилецот Марсело кој по се изгледа летово ги напушта „кралевите“. 26-годишниот Аргентинец има одлична сезона во Ајакс, а своите квалитети ги демонстрираше и на првиот меч со Реал во осминафиналето на ЛШ, кога дури и постигна гол, кој судиите го поништија поради наводен офсајд. Интересно е што Таљафико има искуство од настапите во Шпанија, затоа што во сезоната 2012/13 беше дел од екипата на Мурсија.

Read More

Манчестер Јунајтед и Челзи ќе влезат во летна битка за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, тврди весникот “Газета дело Спорт”. Двата тима пројавуваат сериозен интерес за дефанзивецот и се очекува на крајот на сезоната да започне наддавањето за неговиот потпис. Јувентус исто така се појавува како кандидат за Ромањоли, но засега нема најава за вклучување во трката за него. “Росонерите” немаат намера да го продадат младиот дефанзивец, бидејќи тренерот на тимот Џенаро Гатузо веќе објави неодамна дека дефанзивецот нема цена и влегува сериозно во неговите идни планови.

Read More

Екипата на Челзи му изрече казна на голманот Кепа за непослушноста во последните минути од финалето на Лига Купот на Англија против Манчестер Сити. На минута пред истекот на дополнителните 30 минути за игра, тренерот Сари го повика Кепа да го напушти теренот и на негово место требаше да го внесе Вили Кабаљеро, но Шпанецот категорично одби и не дозволи да биде заменет. Поради непослушноста, Челзи му изрече казна на голманот и тој ќе остане без еднонеделна плата и бонуси. Парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, во Фондацијата Челзи. Кепа вчера и јавно се извини за своето однесување, по…

Read More