Реал (М) своите погледи ги впери кон одлучниот лев бек на аргентинската репрезентација и член на холандски Ајакс, Николас Таљафико. Според дел од медиумите во Шпанија, името на Таљафико се споменува како замена за Бразилецот Марсело кој по се изгледа летово ги напушта „кралевите“.
26-годишниот Аргентинец има одлична сезона во Ајакс, а своите квалитети ги демонстрираше и на првиот меч со Реал во осминафиналето на ЛШ, кога дури и постигна гол, кој судиите го поништија поради наводен офсајд. Интересно е што Таљафико има искуство од настапите во Шпанија, затоа што во сезоната 2012/13 беше дел од екипата на Мурсија.