Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека е подготвен да се врати на тренерската работа, но за да се случи тоа мора да се исполнат неколку услови.
„Не сакам да работам во клуб без амбиции“, вели Мурињо во изјава за весникот „Телеграф“.
„Јас одбив една дарежлива понуда, бидејќи сакам да учествувам во фудбалот на највисоко ниво и моите амбиции се многу високи. Исто така барам да добијам тим од блиски соработници. Сакам да работам со луѓе што ги сакам, со оние со кои уживам да работам и да споделувам идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт на мислења. Така беше во Интер. Затоа, постојат такви клубови каде можеш да работиш како што треба. Ова е многу важно за успех“, дополнил „Специјалниот“.