Битката за титулата во англиското фудбалско првенство ќе продолжи до последното 38. коло, а ќе заврши со радост за фановите на Ливерпул, пресмета еден суперкомпјутер. Екипата на Јирген Клоп според пресметките на Football Web Pages за еден бод ќе биде подобра од Манчестер Сити.
Суперкомпјутерот до конечната пресметка дошол врз основа на претходните резултати и веројатности за да го предвиди секој резултат до крајот на шампионатот. Процентот на победи, ремија или порази на тимовите се пресметува по секој постигнат гол во Премиер лигата.
Најверојатната финална табела го става Ливерпул на чело со 99 бода, додека Манчестер Сити би бил втор со 98. Суперкомпјутер прогнозира дека и Ливерпул и сегашните шампиони нема да дозволат ниту еден пораз од денеска до крајот на сезоната.
Ако прогнозите се остварат, тогаш Тотенхем ќе заврши трет со 82 бода, а Манчестер Јунајтед ќе биде четврти со 73. Челзи треба да биде на петти со 72 бода и еден повеќе од Арсенал. Саутемптон, Фулам и Хадерсфилд пак ќе испаднат од елитата.