Долгоочекуваниот потег на Тотенхем за преселба на нивниот нов стадион ќе се случи на 13 април. Ова е датумот што е поставен како нов краен рок од страна на раководството, надевајќи се дека тоа може да се случи и малку порано.
Пред официјалното отворање на објектот, Спарс мора да спроведеат два тест-настани, по што ќе им биде доделена лиценца од страна на општинските власти. Тест настаните се закажани за 16 и 30 март.
Првиот меч кој Тотенхем би можел да го одигра на новиот „Вајт Харт Лејн“ ќе биде дуелот со Хадерсфилд кој е закажан на 13 април. Сепак навивачите може да бидат изненадени, бидејќи на 9 или 10 април може да има меч од Лигата на шампионите, кој Тотенхем би го играл на новиот стадион.