Евертон ќе се обиде да го купи десниот бек на ПСЖ, Томас Муние во летниот трансфер период. Според англиски „Сан“, „карамелите“ сакаат да се засилат на десната странична позиција, а Муние би бил идеално име.
Самиот Муние изјави дека ќе биде отворен да разговара за промена на клупската средина, ако не добива доволно шанси во ПСЖ. Од почетокот на сезоната тој добива доволно минутажа кај Тухел, но во неколку наврати изјавил дека не се чувствува особено удобно во француската престолнина и не е исклучено да смени клубот бидејќи има голема желба да заигра во Премиер лигата.

