Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ и ОБСЕ во мисија: „ОМРАЗАТА НЕ ИГРА НА НАШ ТЕРЕН“
    Фудбал

    ФФМ и ОБСЕ во мисија: „ОМРАЗАТА НЕ ИГРА НА НАШ ТЕРЕН“

    sasoBy saso25/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска одржаа прес конференција по повод стартот на проектот „ОМРАЗАТА НЕ ИГРА НА НАШ ТЕРЕН, ДА ЈА ИСФРЛИМЕ И ОД ТРИБИНИТЕ!“. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, ја истакнаа важноста од подигнување на светса кај најмладите за повисоко ниво на толеранција и спречувањето на говорот на омраза меѓу спортските навивачи и младината.

    Како дел од проектот, ФФМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготвија кампања за спречување на говорот на омраза и нетолеранцијата на и надвор од фудбалските терени. Целта на кампањата е да се поттикнат навивачите да избегнуваат дискриминација, расистичко и нетрпеливо навивање на фудбалските натпревари и на социјалните мрежи, како и да илустрира како спортскиот дух и фер играта од страна на навивачите може да придонесе кон позитивни промени во нивниот клуб, навивачките групи и во фудбалската игра во целост.

    „Ова е прв вид на проект во кој ФФМ и Мисијата на ОБСЕ не е само уште една кампања. Испраќаме порака кај навивачите, особено младите, за штетните последици од говорот на омраза и нетолеранција. Фудбалот е одлична платформа за испраќање позитивни пораки. Фудбалските стадиони се места на кои сите се добредојдени и треба да се чувствуваат безбедно“, истакна генерланиот секретар на ФФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.