Англискиот првак Манчестер Сити потпишаа рекорден договор за нов снабдувач со спортска опрема. Според информациите кои ги потврдија од клубот, компанијата „Пума“ ќе биде новиот дистрибутер на опрема за Сити почнувајќи од ова лето.
„Пума“ за следните 10 години ќе го обезбедува англискиот шампион со опрема и притоа ќе плаќа по 65 милиони фунти годишно во касата на клубот.
Ова е втор по големина договор по оној на Манчестер Јунајтед со Адидас, кој изнесува 75 милиони фунти за сезона.