По победата на “езерџиите” синоќа над Њу Орлеанс Пеликанс во која Леброн Џејмс реализираше дабл-дабл од 33 поени и 10 асистенции, тој веќе дојде на помалку од 100 поени зад легендата на НБА лигата, Мајкл Џордан на вечната листа на најдобри реализатори во регуларната сезона на НБА лигата.
По овој натпревар Леброн вече има 32.195 постигнати поени во целата кариера и заостанува со само 97 поени зад популарниот „MJ“ на оваа листа, кој има 32.292 поени. Тоа значи дека е само прашање на време во следните натпревари на Лејкерс, Леброн да го преземе местото на Џордан и да тргне кон
Коби Брајант, Карл Мелоун и лидерот Кари Абдул-Џабар, кој засега изгледа недостижен на врвот со 38.387 поени.