Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ го врати Боби Милевски на селекторското место кај младинците
    Фудбал

    ФФМ го врати Боби Милевски на селекторското место кај младинците

    sasoBy saso28/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука дека на позицијата селектор на Македонија до 21 година ќе го назначи Благоја Милевски.

    „Ми беше важно отворено да разговараме со в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини околу репрезентативните теми и му благодарам за разбирањето и довербата која заедно со Управниот одбор ми ја укажуваат. Се радувам на новите предизвици и можноста повторно да соработуваме, останува да се договорат одредени детали за официјализирање на соработката во однос на договорот. Свесен сум за ситуацијата која е пред нас, но не се плашиме, верувам во репрезентацијата, во момците и ќе бидеме подготвени за новите предизвици. Веројатно ова е една од најтешките задачи во мојата кариера, но тука сум, повик од националната репрезентација не се одбива. Квалитет постои, знам дека можеме да успееме и не би прифатил ангажман доколку не верувам во момците и во својата работа. Се надевам дека може да направиме резултат, изјави Благоја Милевски, кој како селектор ја предводеше Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска 2017. година.

    Своја изјава по одлуката на У.О. на ФФМ дека ќе го назначи Благоја Милевски за селектор на Македонија до 21 година даде и в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

    „Беше убаво да се потсетиме со Боби за сите прекрасни моменти во текот на неговата работа со репрезентацијата до 21 година, а пласманот на ЕП во Полска е доказ дека сите луѓе кои беа вклучени во таа приказна одлично ја завршија својата работа. Драго ми е што отворено разговаравме и за тоа што може да биде подобро во иднина и заеднички одиме во нови победи. Му посакувам многу успех, а верувам дека и среќата ќе биде на наша страна во следниот квалификациски циклус. Ние како федерација ќе овозможиме најдобри услови за работа и подготовка на тимот, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.