По вчерашната победа над екипата на ПП Загреб во СЕХА лигата, ракометарите на Вардар веќе в сабота се пред нов предизвик во Лигата на шампионите. Македонскиот ракометен првак го чека последниот меч од групната фаза против француски Монтпелје, а во пресрет на мечот на денешната прес-конференција, тренеротРоберто Гарсија Парондо вели дека сите посакуваат успешен завршеток на оваа фаза од натпреварувањето.
„Не чека последниот меч од групата, тоа е најважниот меч за нас и мислиме само на него. Сакаме да победиме, за да се спремиме добро за елиминациските средби, каде немаш право на грешка и на порази. Имаме проблеми со неколку ракометари кои се повредени, не знам кој ќе игра кој не, ќе одлучиме на денот на мечот. Ние сме фокусирани, ќе дадеме се од себе, а што ќе биде, ќе видиме“, изјави Парондо.
Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра во СЦ „Јане Сандански“, в сабота од 17:30 часот.