Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, денес влезе во историјата на италијанската Серија А. Тој влезе во игра на стартот на второто полувреме на мечот меѓу Џенова и Фрозиноне, што значеше негов 400-ти натпревар во најквалитетната италијанска фудбалска лига.
Пандев на вечната листа фудбалери со 400 и повеќе настапи во Серија А е на 46. место.
Од странските фудбалери кои играат на Апенинскиот Полуостров само Самир Хандановиќ има повеќе настапи од Пандев.