Author: saso

Машката кошаркарска јуниорска репрезентација (до 18 години) на почетокот на месец април ќе земе учество на меѓународен пријателски турнир во Босна и Херцеговина каде покрај домаќинот и организаторот на овој турнир ќе настапат и соодветната репрезентација на Црна Гора како и Кантона Сараево. Селекторот Михаил Наумовски излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во периодот на подготовки пред турнирот. Повиканите кошаркари треба да се појават на првата прозивка закажана за 29. март (петок) со почеток во 21:00 часот во малата сала на Кале. Виктор Ташовски – Вардар Адриан Наумоски – Вардар Марко Величковски – Вардар Дарио Митевски –…

Read More

Само ден по победата над Атлетико (М) во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите, цената на акциите на Јувентус порасна за 20%. „Старата Дама“ славеше со 3:0 на реванш мечот на домашен терен против Атлетико Мадрид, откако три гола постигна Кристијано Роналдо. „Бјанконерите“ ќе добијат околу 10,5 милиони евра дополнителни приходи од пласманот во следната фаза од најсилниот светски фудбалски турнир. Ова е рекорден износ за еден италијански клуб во оваа фаза од натпреварувањето. Цената на акциите на Јувентус е толку висока за првпат по октомври 2013 година. Тогаш порастот беше околу 16 проценти. Гигантот од Торино регистрира и рекордни…

Read More

Вечерва се играат уште два меча од реванш осминафиналето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Јувентис вечерва пред своја публика го пречекуваат тимот на Атлетико (М) во меч кој и за двата тима ќе донесе голема битка за да се обезбеди местото меѓу осумте најдобри. Јувентус беше малку фаворизиран пред првиот меч, но откако загуби со 2:0 во Мадрид, сега мадриѓани се во пол-позиција за место во завршната рунда. Мегаѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, не успеа да блесне на првиот натпревар, а надежите на навивачите на тимот се дека тој ќе ја покаже својата вистинска сила токму на реваншот. Тренерот…

Read More

Кошаркарите на Работнички и МЗТ Скопје А. попладнево во салата „Градски парк“ ќе го одиграат дербито на 17. коло од домашното првенство. За градските ривали ова е дербито број 143, во кое најтрофејниот тим влегува со далеку поголем број на добиени битки, има 87 победи. Првата пресметка сезонава заврши во корист на Работнички, кој славеше во СЦ „Јане Сандански” со 88-90. Пред стартот на 17. коло, избраниците на Ѓорѓи Кочов се на второто место на табелата со 28 бода и меч повеќе, додека пак Работнички е на третата позиција со еден бод помалку. Средбата стартува попладнево од 17.30 часот.

Read More

Според информациите на шпанскиот весник „АС“, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф, би можел да биде преодно решение за кормилото на „кралскиот клуб“. Сидорф и се приклучил на листата на можни кандидати за веднаш да го наследи Сантијаго Солари. Холанѓанецот беше во Мадрид оваа седмица и од трибините на „Сантијаго Бернабеу“ го проследи дебаклот на европскиот првак од Ајакс, кој исто така е негов поранешен клуб. Сидорф бил вметнат во листата на кандидати за привремено решение на клупата на Реал Мадрид до крајот на сезоната, но разговорите се уште се во почетна фаза.

Read More

Според пишувањата на медиумите во Шпанија, Реал тргнува по потписот на бразилскиот напаѓач Нејмар за кого има подготвено 350 милиони евра. Нејмар е незадоволен во ПСЖ, а Реал сака да ја искористи таа ситуација и да го доведе во Мадрид . ПСЖ испадна од Лигата на шампионите, па во шампионот на Франција се најавува нова реконструкција на тимот. Тоа би значело и заминување на дел од најголемите ѕвезди на тимот, како Нејмар и Мбапе. Реал Мадрид подготвил годишна плата за Нејмар од неверојатни 45 милиони евра со што би бил најскапо платен играч во историјата на фудбалот.

Read More

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) го отфрли барањето на Челзи за замрзнување на забраната за трансфери. Англичаните беа казнети за нелегални трансфери на играчи до 18-годишна возраст. „Ние потврдуваме дека претседателот на Комитетот за жалби на ФИФА ја отфрли жалбата на Челзи во врска со одлуката на Дисциплинската комисија”, се вели информацијата од ФИФА. Челзи се уште може да се жали, но овој пат до судот за спортска арбитража во Лозана.

Read More

Раководството на Атлетико Мадрид и натаму работи на обновување на договорите на дел од фудбалерите. Последните вести велат дека нов едногодишен договор ќе добие и ветеранот Хуанфран, кој треба да остане во Мадрид до летото 2020 година. Сегашниот договор на 34-годишниот фудбалер со клубот од главниот град на Шпанија истекува на 30-ти јуни. Атлетико Мадрид понуди нов договор како знак на доверба кон еден од најискусните во тимот. Тренерскиот штаб има полна доверба во Хуанфран и не сака да го загуби ова лето.

Read More

По заминувањето на тренерот Еузебио ди Франческо и спортскиот директор на Рома, Мончи го напушта клубот. Вестите од Италија велат дека Мончи е крајно  незадоволен од одлуката на сопственикот Џејмс Палота без негова согласност да го разреши ди Франческо, што дојде како рекција по елиминацијата на тимот во осминафиналето од Лигата на шампионите од Порто (1:3). Во изминативе денови Мончи имаше конфликт и со навивачите на Рома на аеродромот во Рим, кои побараа од него да си замине. Денеса треба да се случи промоцијата на новиот тренер на Рома, Раниери, но не се знае дали на неа, сепак, ќе се…

Read More

Скандалите во Реал Мадрид продолжуваат по серијата очајни резултати што ќе ја остават екипата без трофеј оваа сезоната. Шпанските медиуми јавуваат дека дошло до кавга и меѓу капитенот Серхио Рамос и претседателот Флорентино Перез по елиминацијата од Ајакс во Лигата на Шампионите. Перез по поразот од Ајакс ги обвини играчите дека немаат посветеност кон дресот на клубот, се тим без карактер и имаат премногу слободни денови. Рамос на ова анегова изјава возвратил обвинувајќи го претседателот и лидерите во тимот за лошо планирање. Дефанзивецот ја истакна продажбата на Кристијано Роналдо како најголема грешка која клубот ја направил во својата историја. Вчера,…

Read More