Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) го отфрли барањето на Челзи за замрзнување на забраната за трансфери. Англичаните беа казнети за нелегални трансфери на играчи до 18-годишна возраст.
„Ние потврдуваме дека претседателот на Комитетот за жалби на ФИФА ја отфрли жалбата на Челзи во врска со одлуката на Дисциплинската комисија”, се вели информацијата од ФИФА.
Челзи се уште може да се жали, но овој пат до судот за спортска арбитража во Лозана.