Скандалите во Реал Мадрид продолжуваат по серијата очајни резултати што ќе ја остават екипата без трофеј оваа сезоната. Шпанските медиуми јавуваат дека дошло до кавга и меѓу капитенот Серхио Рамос и претседателот Флорентино Перез по елиминацијата од Ајакс во Лигата на Шампионите.
Перез по поразот од Ајакс ги обвини играчите дека немаат посветеност кон дресот на клубот, се тим без карактер и имаат премногу слободни денови.
Рамос на ова анегова изјава возвратил обвинувајќи го претседателот и лидерите во тимот за лошо планирање. Дефанзивецот ја истакна продажбата на Кристијано Роналдо како најголема грешка која клубот ја направил во својата историја.
Вчера, сепак, Рамос го собрал тимот на друга средба во клупската база на која не присуствувале тренерите. Тој побарал посветеност и професионализам, како и освојувањето на второто место во првенството и триумф во секој натпревар до крајот на сезоната.