Според пишувањата на медиумите во Шпанија, Реал тргнува по потписот на бразилскиот напаѓач Нејмар за кого има подготвено 350 милиони евра. Нејмар е незадоволен во ПСЖ, а Реал сака да ја искористи таа ситуација и да го доведе во Мадрид .
ПСЖ испадна од Лигата на шампионите, па во шампионот на Франција се најавува нова реконструкција на тимот. Тоа би значело и заминување на дел од најголемите ѕвезди на тимот, како Нејмар и Мбапе.
Реал Мадрид подготвил годишна плата за Нејмар од неверојатни 45 милиони евра со што би бил најскапо платен играч во историјата на фудбалот.