Вечерва се играат уште два меча од реванш осминафиналето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Јувентис вечерва пред своја публика го пречекуваат тимот на Атлетико (М) во меч кој и за двата тима ќе донесе голема битка за да се обезбеди местото меѓу осумте најдобри.
Јувентус беше малку фаворизиран пред првиот меч, но откако загуби со 2:0 во Мадрид, сега мадриѓани се во пол-позиција за место во завршната рунда. Мегаѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, не успеа да блесне на првиот натпревар, а надежите на навивачите на тимот се дека тој ќе ја покаже својата вистинска сила токму на реваншот. Тренерот на домаќините, Масимилиано Алегри, се обидува да ја смири ситуацијата, потсетувајќи дека елиминацијата од Атлетико нема да биде трагедија, но навивачите сигурно нема да му простат.
Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола го направи првиот чекор кон следната фаза уште по победата на првиот меч во Германија со 3:2. Вечерва треба само рутински да си ја заврши работата за пласман во четврфиналето.
„Граѓаните“ се фаворити на средбата и ќе се обидат по третпат во последните четири сезони да стигнат до 1/4-финалето во Лигата на Шампионите.