Раководството на Атлетико Мадрид и натаму работи на обновување на договорите на дел од фудбалерите. Последните вести велат дека нов едногодишен договор ќе добие и ветеранот Хуанфран, кој треба да остане во Мадрид до летото 2020 година.
Сегашниот договор на 34-годишниот фудбалер со клубот од главниот град на Шпанија истекува на 30-ти јуни. Атлетико Мадрид понуди нов договор како знак на доверба кон еден од најискусните во тимот. Тренерскиот штаб има полна доверба во Хуанфран и не сака да го загуби ова лето.