По заминувањето на тренерот Еузебио ди Франческо и спортскиот директор на Рома, Мончи го напушта клубот. Вестите од Италија велат дека Мончи е крајно незадоволен од одлуката на сопственикот Џејмс Палота без негова согласност да го разреши ди Франческо, што дојде како рекција по елиминацијата на тимот во осминафиналето од Лигата на шампионите од Порто (1:3).
Во изминативе денови Мончи имаше конфликт и со навивачите на Рома на аеродромот во Рим, кои побараа од него да си замине. Денеса треба да се случи промоцијата на новиот тренер на Рома, Раниери, но не се знае дали на неа, сепак, ќе се појави и спортскиот директор.