Кошаркарите на Работнички и МЗТ Скопје А. попладнево во салата „Градски парк“ ќе го одиграат дербито на 17. коло од домашното првенство. За градските ривали ова е дербито број 143, во кое најтрофејниот тим влегува со далеку поголем број на добиени битки, има 87 победи.
Првата пресметка сезонава заврши во корист на Работнички, кој славеше во СЦ „Јане Сандански” со 88-90. Пред стартот на 17. коло, избраниците на Ѓорѓи Кочов се на второто место на табелата со 28 бода и меч повеќе, додека пак Работнички е на третата позиција со еден бод помалку.
Средбата стартува попладнево од 17.30 часот.