Според информациите на шпанскиот весник „АС“, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф, би можел да биде преодно решение за кормилото на „кралскиот клуб“.
Сидорф и се приклучил на листата на можни кандидати за веднаш да го наследи Сантијаго Солари. Холанѓанецот беше во Мадрид оваа седмица и од трибините на „Сантијаго Бернабеу“ го проследи дебаклот на европскиот првак од Ајакс, кој исто така е негов поранешен клуб.
Сидорф бил вметнат во листата на кандидати за привремено решение на клупата на Реал Мадрид до крајот на сезоната, но разговорите се уште се во почетна фаза.