Денеска во 12 часот, во хотелот „Гранд Плаза“ е закажан собирот на нашите најдобри фудбалски репрезентативци. Во пресрет на квалификациските дуели за ЕП, селекторот Игор Ангеловски го очекува пристигнувањето на 23 фудбалери кои се повикани во националниот тим. Некои од нив ќе стигнат нешто подоцна, и ќе бидат на првиот тренинг кој ќе се одржи попладне во 18:30 часот на терените на ФФМ. Само Столе Димитриевски најави дека нема да го одработи првиот тренинг, неговото доаѓање се очекува доцна навечер. Македонија на 21 март дома ќе се ги одмери силите со Летонија, а на 24 март пак ќе и гостува…
Author: saso
Пилотот на Вилијамс Роберт Кубица призна дека не жали за враќањето во Формула 1. Трката за ГН на Австралија ја заврши на 17. место што беше негова прва трка по пауза од 8 години. “Не, не жалам за враќањето. Минатата година размислував за оваа одлука повеќе од шест недели и сфатив дека ќе биде тешко. За мене како пилот, деновите во Барселона беа најважни во последните осум години. Некако успеав да се справам со сето ова тука во Австралија, и сега ќе треба да го направам тоа повторно во Бахреин, можеби, и на неколку други трки“, вели Кубица. Тој додава…
Мегаѕвезда на светскиот фудбал Лео Меси беше видливо среќен и задоволен по победата од 4:1 над Реал Бетис. Причина плус за задоволството кај Меси беше поддршката која ја доби од публиката во Севиља која се радуваше на секој негов гол како да е гол за Бетис. „Јас сум задоволен од победата. Исклучително важни три бода што во трката за титулата. Сепак, ништо не е решено, има многу игри и поени за победа. Им благодарам на навивачите на Реал Бетис. Вакво нешто не ми се случило. Тука секогаш се однесуваат со почит кон нас, иако сме ривали на теренот“, рече Меси.
Доминик Тим е победник на првиот Мастерс годинава, откако во еден возбудлив финален меч на Индијан Велс го победи Роџер Федерер со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 7-5). Ова е најголемиот успех за 25-годишниот Австриец, особено што доаѓа по триумф над големиот швајцарски тенисер. Федерер успеа да го добие првиот сет, но во следните два Тим одигра брилијантно и успеа да го сврти резултатот во своја полза. Овој Мастерс е прв на земјена подлога за Доминик Тим, а Федерер и покрај тоа што не одигра полуфинале, заради откажувањето на Надал, потврди дека тешко игра долги и физички напорни турнири.
На прес-конференција одржана денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, побара од Фудбалската федерација на Македонија да го усогласи својот статут со Законот за спорт, бидејќи во спротивни утрешното Редовно генерално Собрание на Федерацијата ќе биде сметано за незаконско. „Бараме од ФФМ да го усогласи статутот со Законот на спорт. Тоа е обврска на сите национални федерации. Одржување на Собранието без усогласување на статутот, ќе биде нелегитимно и ќе донесе сериозни последици“, изјави Каевски. Тој најави дека Агенцијата ќе ги преземе сите мерки кон ФФМ доколку статутот на Федерацијата не биде усогласен со Законот за спорт.
Денеска со ждрепка беа одредени групите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи од 31 август до 15 септември во кина. Од поранешните југословенски републики пласман изборија само Србија и Црна Гора. Србите добија лесна група и противници ќе им бидат Ангола, Филипини и Италија. Црногорците ќе излезат на мегдан со незгодните Грци, а во групата се уште Нов Зеланд и Бразил. Најголемиот фаворит за трофејот, дрим-тимот на Америка ќе се соочи со Турција, а во оваа група се уште аутсајдерите Чешка и Јапонија.
Фабио Канаваро денеска е официјално именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Досегашниот тренер на кинескиот Гвангжу Евергранде ќе мора да ја напушти тренерската работа и професионално да се посвети замо на селекторското место. Засега се уште не се познати деталите од договорот и не е јасно дали 45-годишниот екс-репрезентативец на „аѕурите“ ќе ја преземе функцијата како привремен или постојан селектор. Неговото деби на кормилото на Кина се очекува веќе следниот четврток, кога ќе ја предводи репрезентазијата на мечот против Тајланд од турнирот „Чајна Куп“.
Во пресрет на денешната ждрепка за СП во кошарка кое ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември, легендата на американската кошарка, Коби Брајант, вели дека има една селекција која може да го совлада американскиот дрим Тим. Петкратниот НБА шампион со репрезентацијата на САД освои две олимписки злата (2008 и 2012), а сега ќе биде главна ѕвезда на ждрепката за СП оваа година. „Дали може Србија да го победи САД? Одговорот е – да! Мислам дека може и убеден сум дека не се единствени кои тоа можат да го направат. САД мора сериозно да се подготват за…
Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус, наскоро ќе се пресели во Грција. Според тврдењата на медиумите во Германија, голманот на Ливерпул кој настапува како позајмен во екипата на Бешикташ, најверојатно ќе се пресели на голот на Олимпијакос. Олимпијакос е заинтересиран за услугите на германскиот голман, но најверојатно ќе мора да почека до крајот на сезоната за да го обезбеди неговиот потпис. Откако изби скандалот со неисплатени плати за Кариус од страна на турскиот клуб, јасно е дека тој нема да го дочека стартот на новата сезона во Истанбул.
На отворањето на сезоната во Ф1 шампионатот, актуелниот светски првак Луис Хамилтон и тимот на Мерцедес најавија нова доминација. На патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн утрово на официјалните квалификации за премиерната трка од новата сезона, Хамилтон оствари најдобро време и ја доби првата пол-позиција за 2019-тата. За да биде доминацијата на Мердецес уште поголема се погрижи неговиот тимски колега Валтери Ботас кој извозе второ најдобро време и утре ќе почне од второто место во првиот стартен ред. Себастијан Фетел ќе почне само од третото стартно место. Формула 1. ГН на Австралија Луис Хамилтон (“Мерцедес”) – 1.20.486 Валтери Ботас (“Мерцедес”) –…
