Фабио Канаваро денеска е официјално именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Досегашниот тренер на кинескиот Гвангжу Евергранде ќе мора да ја напушти тренерската работа и професионално да се посвети замо на селекторското место.
Засега се уште не се познати деталите од договорот и не е јасно дали 45-годишниот екс-репрезентативец на „аѕурите“ ќе ја преземе функцијата како привремен или постојан селектор. Неговото деби на кормилото на Кина се очекува веќе следниот четврток, кога ќе ја предводи репрезентазијата на мечот против Тајланд од турнирот „Чајна Куп“.