Денеска со ждрепка беа одредени групите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи од 31 август до 15 септември во кина. Од поранешните југословенски републики пласман изборија само Србија и Црна Гора. Србите добија лесна група и противници ќе им бидат Ангола, Филипини и Италија.
Црногорците ќе излезат на мегдан со незгодните Грци, а во групата се уште Нов Зеланд и Бразил.
Најголемиот фаворит за трофејот, дрим-тимот на Америка ќе се соочи со Турција, а во оваа група се уште аутсајдерите Чешка и Јапонија.