На отворањето на сезоната во Ф1 шампионатот, актуелниот светски првак Луис Хамилтон и тимот на Мерцедес најавија нова доминација. На патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн утрово на официјалните квалификации за премиерната трка од новата сезона, Хамилтон оствари најдобро време и ја доби првата пол-позиција за 2019-тата.
За да биде доминацијата на Мердецес уште поголема се погрижи неговиот тимски колега Валтери Ботас кој извозе второ најдобро време и утре ќе почне од второто место во првиот стартен ред. Себастијан Фетел ќе почне само од третото стартно место.
Формула 1. ГН на Австралија
- Луис Хамилтон (“Мерцедес”) – 1.20.486
- Валтери Ботас (“Мерцедес”) – +0.112
- Себастијан Фетел (“Ферари”) – +0.704
- Макс Верстапен (“Ред Бул”) – + 0,834
- Чарлс Леклер (“Ферари”) – +0,956
- Ромен Грожан (“Хас”) – +1,340
- Кевин Магнусен (“Хас”) – +1,613
- Ландо Норис (“Макларен”) – +1.818
- Кими Раиконен (“Алфа Ромео”) – +1.828
- Серхио Перез (“Расинг Поинт”) – +2.295
