Мегаѕвезда на светскиот фудбал Лео Меси беше видливо среќен и задоволен по победата од 4:1 над Реал Бетис. Причина плус за задоволството кај Меси беше поддршката која ја доби од публиката во Севиља која се радуваше на секој негов гол како да е гол за Бетис.
„Јас сум задоволен од победата. Исклучително важни три бода што во трката за титулата. Сепак, ништо не е решено, има многу игри и поени за победа. Им благодарам на навивачите на Реал Бетис. Вакво нешто не ми се случило. Тука секогаш се однесуваат со почит кон нас, иако сме ривали на теренот“, рече Меси.