Меѓу бројните честитки од европското и светското фудбалско семејство упатени за Муамед Сејдини по повод изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, се истакнуваат зборовите на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. „Драг претседателе, би сакал искрено да ви честитам и да изразам најдобри желби по повод вашиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од 2019 – 2021 година. Уверени сме дека вашето знаење, лидерство и искуство претходно и како в.д. претседател на ФФМ, потпретседател и член на Управниот одбор на федерацијата, секако ќе има позитивно влијание за понатамошниот развој…
Author: saso
Ракометарите на македонскиот првак Вардар вечерва (20.30 ч.) во арената „Загреб“ ќе го одиграат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони против 27-кратниот шампион на Хрватска и двоен европски првак ППД Загреб. Во групната фаза „црвено-црните“ завршија на третата позиција, додека пак Загреб, предводен од словенечкиот тренер Бранко Тамше, беше шести во групата Б. „Сигурно дека Вардар е екипа што повторно претендира за влез на завршниот фајналфор-турнир, но и ние не сакаме да застанеме само до осминафиналето. И во двата натпревара ќе дадеме сѐ од себе во обидот да го поминеме Вардар. Нема да биде лесно, оти тие се врвна…
Албанија денеска се одлучи да му врачи отказ на селекторот Кристијан Панучи. Поразот од Турција во 1. коло од групата со 2:0 беше клучен момент раководството на ФС на Албанија да му врачи отказ на италијанскиот стручњак. Албанците во понеделник го играат вториот квалификациски натпревар за ЕП 2020, а на клупата ќе седат Ервин Булку и Сулејман Мема. Додека тие го подготвуваат националниот тим, од ФС веднаш стапиле во контакт со Едуардо Реја, некогашниот тренер на Хајдук, Наполи, Лацио и на уште многу други италијански клубови. Реја никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.
Капитените на десетте екипи кои се дел од осмата сезона од СЕХА-лигата ги избраа најдобрите седум во регуларниот дел од сезоната. Покрај „идеалната седумка“ избраа и МВП, како и најдобар дефанзивен играч и тренер. Најбројни во составот на сезоната се ракометарите на Вардар и тоа Дејан Милосављев е најдобар голман, Тимур Дибиров е најдобар на левата крилна позиција, Игор Карачиќ е главен кај средбите бекови, додека Даинис Кристипанс е најдобриот десен бек. Голман: Дејан Милосављев (Вардар) Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) Лев бек: Петар Ѓорѓиќ (Мешков Брест) Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар) Десен бек: Даини Кристопанс (Вардар) Десно крило: Златко…
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ го почнува новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2020. Пред домашна публика, момците на Игор Ангеловски од 20:45 часот против Летонија ќе атакуваат на првите три бода во групата, во која заедно со нас се и Израел, Словенија, Австрија и Полска. „Очекувам да бидеме на она ниво кое бевме во минатите натпревари. Да одиграме максимално и да оствариме победа. Ние сме подготовени. Јас кажав дека е задоволство да се работи со овие момци, и најдоброто издание го очекувам во следните натпревари. Длабоко верувам во нив и допрва од нив ги…
Фудбалерот од средниот ред на Реал (М) Марко Асенсио не ќе може да игра на претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2020 со Норвешка и Малта. Според шпанските весници, за време на еден од тренинзите со националниот тим, фудбалерот се повредил. Претходно, поради болест од селекцијата отпадна и Фабиан Руиз, а на негово место енрике дополнително го повикаСаул Нигез. Резервниот голман на репрезентацијата на Шпанија, Пау Лопез, исто така, е повреден. Натпреварот меѓу Шпанија и Норвешка ќе се одигра на 23 март, а Малта – Шпанија, три дена подоцна.
Иако Баерн (Минхен) се стаблизира и се врати во борбата за титулата во Бундеслигата, дел од фудбалерите и раководството продолжуваат да со резерва да гледаат на квалитетот на тренерот, Нико Ковач. Хрватот доби еден куп критики поради слабиот почеток на кариерата на „Алијанц Арена“, но се чинеше дека во последните месеци работите се во негова корист. Елиминацијата од Ливерпул на 1/8-финалето во Лигата на Шампионите повторно на дневен ред го извадија прашањето за неговата иднина. Ковач е обвинуван дека е заложник на премногу дефанзивната тактика, поради што баварците и беа елиминирани од Ливерпул. Претседателот Ули Хенес и напаѓачот Роберт Левандовски…
Група од 21 спортист од осум земји и пет спортови се осомничени за кршење на допинг правилата за време на светското првенство во нордиско скијање кое се одржа во Австрија. Државниот обвинител од Минхен, Каи Грабер, вчера го објави списокот на осомничени скијачи. Веќе десетина апсења се направени, а меѓу обвинетите се и Макс Хауке и Доминик Балдауф од Австрија, Алексеј Полотанин од Казахстан и естонското дуо Карел Тамарв и Андреас Верпалу. Полицијата тврди дека пресекла меѓународен допинг прстен со апсења и во Ерфурт во Германија. Тие вклучуваат и лекар обвинет дека бил мозокот на допинг шемата.
Манчестер Сити пројавува сериозен интерес за младата ѕвезда на Бенфика и португалскиот фудбал, Жоао Феликс. Дел од медиумите веќе соопштија дека новиот Кристијано Роналдо стана мета на најголемите европски фудбалски клубови, а Сити полека се доближува до фудбалерот и неговиот агент со неколку убави понуди. Феликс има 19 години, но веќе прави разликата во португалскиот шампионат, во кој оваа сезона има 18 натпревари и 10 гола за “орлите”.
Пол Погба малку ги загрижи навивачите на Манчестер Ј. со една своја изјава во врска со најавите дека би можел наскоро да се пресели во дресот на Реал (М). Според англиските медиуми, Французинот изјавил дека сон на секој играч е еден ден да заигра за клуб како Реал (М). „Како што и секогаш велев, Реал Мадрид е сон за секого, бидејќи е еден од најголемите клубови во светот. Сите сонуваат да бидат дел од него и да играат под водство на големина каква што е Зинедин Зидан“, изјави играчот од средниот ред пред натпреварот меѓу Франција и Молдавија во квалификациите…
