Иако Баерн (Минхен) се стаблизира и се врати во борбата за титулата во Бундеслигата, дел од фудбалерите и раководството продолжуваат да со резерва да гледаат на квалитетот на тренерот, Нико Ковач.
Хрватот доби еден куп критики поради слабиот почеток на кариерата на „Алијанц Арена“, но се чинеше дека во последните месеци работите се во негова корист.
Елиминацијата од Ливерпул на 1/8-финалето во Лигата на Шампионите повторно на дневен ред го извадија прашањето за неговата иднина. Ковач е обвинуван дека е заложник на премногу дефанзивната тактика, поради што баварците и беа елиминирани од Ливерпул.
Претседателот Ули Хенес и напаѓачот Роберт Левандовски и отворено зборуваа дека против Ливерпул екипата на Баерн бил премногу срамежлива.