Пол Погба малку ги загрижи навивачите на Манчестер Ј. со една своја изјава во врска со најавите дека би можел наскоро да се пресели во дресот на Реал (М). Според англиските медиуми, Французинот изјавил дека сон на секој играч е еден ден да заигра за клуб како Реал (М).
„Како што и секогаш велев, Реал Мадрид е сон за секого, бидејќи е еден од најголемите клубови во светот. Сите сонуваат да бидат дел од него и да играат под водство на големина каква што е Зинедин Зидан“, изјави играчот од средниот ред пред натпреварот меѓу Франција и Молдавија во квалификациите за ЕП 2020.
„Засега сум во Манчестер, но сепак никој не знае што ќе се случи во иднина. Тука сум среќен“, дополнил Погба.