Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус, наскоро ќе се пресели во Грција. Според тврдењата на медиумите во Германија, голманот на Ливерпул кој настапува како позајмен во екипата на Бешикташ, најверојатно ќе се пресели на голот на Олимпијакос.
Олимпијакос е заинтересиран за услугите на германскиот голман, но најверојатно ќе мора да почека до крајот на сезоната за да го обезбеди неговиот потпис. Откако изби скандалот со неисплатени плати за Кариус од страна на турскиот клуб, јасно е дека тој нема да го дочека стартот на новата сезона во Истанбул.