Доминик Тим е победник на првиот Мастерс годинава, откако во еден возбудлив финален меч на Индијан Велс го победи Роџер Федерер со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 7-5).
Ова е најголемиот успех за 25-годишниот Австриец, особено што доаѓа по триумф над големиот швајцарски тенисер. Федерер успеа да го добие првиот сет, но во следните два Тим одигра брилијантно и успеа да го сврти резултатот во своја полза.
Овој Мастерс е прв на земјена подлога за Доминик Тим, а Федерер и покрај тоа што не одигра полуфинале, заради откажувањето на Надал, потврди дека тешко игра долги и физички напорни турнири.