Пилотот на Вилијамс Роберт Кубица призна дека не жали за враќањето во Формула 1. Трката за ГН на Австралија ја заврши на 17. место што беше негова прва трка по пауза од 8 години.
“Не, не жалам за враќањето. Минатата година размислував за оваа одлука повеќе од шест недели и сфатив дека ќе биде тешко. За мене како пилот, деновите во Барселона беа најважни во последните осум години. Некако успеав да се справам со сето ова тука во Австралија, и сега ќе треба да го направам тоа повторно во Бахреин, можеби, и на неколку други трки“, вели Кубица.
Тој додава дека нема да се жали и дека со радост пристапува кон новите предизвици.