Ракометарите на Вардар се поразени во меч од регуларната сезона во СЕХА лигата откако денеска на домашен терен загубија со 32:30 од екипата на Мешков Брест.
Во динамичен и неизвесен натпревар, белорускиот претставник си ја оствари целта и победи во Скопје со што остана во игра за пласман на завршниот Ф4-турнир во регионалното натпреварување.
Гостите водеа и на полувреме со 17:16, а разликата ја одржуваа до средината на вториот дел. Потоа Вардар го засили темпото, поведе, но во финишот дозволи со неколку технички грешки да им ја „подари“ победата на противниците.
Дибиров и Скубе беа најефикасни кај Вардар со по 6 гола.