Напаѓачот на Реал (М), Герет Бејл, веќе не се чувствува пријатно како дел од тимот, тврдат шпанските медиуми.
Според информација на весникот „Марка“, велшкиот репрезентативец веќе извесен период не е во добри односи и со дел од соиграчите во тимот, па едвај чека да ја заврши сезоната и да си замине од Мадрид.
Бејл беше во стартната постава на дуелот со Барселона во саботата што беше изненадување не само за навивачите, туку и за неговите соиграчи. Напаѓачот не успеа да се докаже на теренот, а во второто полувреме беше заменет со свирежи на навивачите. Според извори навесникот, Бејл дури и не го догледал мечот со Барселона, само се спакувал во соблекувалната и си заминал.