Откако ниту еден ракометар на Вардар не најде место во најдобрите за минатото коло во Лигата на шампионите и покрај победата над Монтпелје во Скопје, двајца голмани на македонските преставници во СЕХА Лигата се најдоа во конкуренција за најдобрите одбрани за минатиот месец.
Никола Даниловски и Калифа Гедбан се најдоа меѓу номинираните за најдобри одбрани, а истите ги остварија против ППД Загреб и тоа од седум метри. Голманот на Металург на оваа листа се најде со двојната интервенциија, откако го одбрани седмерецот, а веднаш потоа спречи хрватскиот тим да забележи нов погодок. Гедбан пак пред крајот на првото полувреме го спречи ППД Загреб исто од седум метри да дојде до изедначување.

