Манчестер Сити не треба да жали дури и ако не успее да ја одбрани титулата, порача менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ се вратија на врвот во Премиер лигата по серијата нерешени натпревари на нивниот голавен конкурент Ливерпул и имаат бод повеќе од „Црвените“, но битката допрва следува.
„Во однос на играта, играме многу подобро отколку минатата сезона. Секој знае што да прави, си помагаме и се бориме. Се разбира, можеби нема да станеме шампиони, но не треба да се жалиме. Знам дека кај нас најважно е првото место, а кога си втор си губитник, но невозможно е така да гледаме на овој тим. Што и да се случи, не можам да кажам дека се губитници. Тие се борат и ќе се борат до крајот на сезоната“, порача Гвардиола.