Реал Мадрид е подготвен на се за да го доведе во своите редови фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах. Во текот на летото “кралевите” планираат да го понудат Иско како замена за Салах плус уште 50 милиони евра за 26-годишниот египетски репрезентативец.
Според последните информации, лично шефот на “кралевите”, Флорентино Перез сака напаѓачот на “црвените” да го види во својот состав и верува дека неговата класа ќе му помогне на тимот да продолжи да победува и да освојува трофеи.
Самиот Салах е проценет на 150 милиони евра, а оваа сезона има 30 натпревари, 20 гола и 7 асистенции за неговиот клубски тим.