Екипата на Селта на својата официјална веб-страница го објави прекинот на соработката со Мигел Кардосо, кој досега ја вршеше функцијата главен тренер. Кардосо дојде во Селта минатата година, а за време на 15 меча под негово водство, Селта имаше 10 порази и само 3 победи.
По 26. кола тимот од Виго се наоѓа веднаш до зоната на испаѓање на 17 место во шпанската Ла Лига со само 25 бода.
На местото на Кардосо од клубот веднаш го поставија Фран Ескриба, кој претходно има искуство како тренер во неколку шпански тимови.