Германскиот бундеслигаш Лајпциг на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со напаѓачот Јусуф Поулсен. Новиот договор на 24-годишниот Данец со германскиот клуб ќе биде до летото 2022 година.
„Среќен сум што постигнавме договор. Постигнав значителен напредок со овој клуб, и затоа ми е драго што ќе продолжиме да напредуваме заедно“, изјавил Поулсен.
Поулсен се пресели во Лајпциг во 2013 година, кога тимот играше во третата германска лига и со него дебитираше и во Лигата на шампионите минатата сезона.