Македонската репрезентација до 21 година синоќа во Анталија го одржа првиот тренинг во пресрет на силниот „Анталија Куп“ кој за нас почнува на 22 овој месец.
Новиот (стар) предводник на нашиот младински тим, Благоја Милевски, полека ги подготвува младинците кои ќе имаат добри три теста против Летонија, Естонија и Казахстан.
Дуелите се закажани за 22, 24 и 26. Март, а Милевски полека ќе го составува тимот со кој ќе продолжи во новиот квалификациски циклус.